Поврзете се со нас

АТП

Зверев за разликата во неговата игра: Сега важните удари…

Објавено

на

Германскиот тенисер, Александер Зверев своето високо ниво на игра и одлична форма ја потврди и на дуелот против Јаник Синер кого го доби со 3-0 во сетови во осминафиналето на Ју-Ес Опен.

Ова за Зверев беше 15 победа во низа летово и во моментов неговата самодоверба е на многу високо ниво и дефинитивно е сериозен кандидат за пехарот во Њујорк.

-Среќен сум таму каде што сум, среќен сум како се одвиваат работите, сега и во последните неколку месеци. Дефинитивно мислам дека сега важните удари сега ги изведувам многу поприродно и повеќе не се двоумам со нив како порано. Сега сум во четвртфинале и мечевите дефинитивно нема да бидат полесни, -порача Зверев кој проговори за наредниот ривал во САД, Лојд Херис од Јужна Африка.

-Тој е некој кој многу напредуваше оваа година. Игра неверојатно, сервира неверојатно. Во Синсинати, се мачев многу околу ритернот. Дефинитивно ќе биде тежок натпревар, -заврши четвртиот тенисер на АТП листата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни