Поврзете се со нас

АТП

Зверев за Ѓоковиќ: Може да игра уште четири години, ама нема да биде број еден

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ минатата седмица триумфираше во Тел Авив, додека пак во оваа ќе се обиде да победи во Астана и на тој начин да потврди дека е во одлична форма, но и да испрати јасна порака дека е подготвен да се бори за самиот врв по принудната пауза.

Тој во оваа сезона не играше на Австралија Опен и Ју-Ес Опен, додека пак на Вимблдон иако триумфираше не освои ниту еден бод, а ова придонесе да падне на АТП листата.

Новак во моментов е на 7 место на листата и останува отворено прашањето кога повторно ќе може да биде број еден, сценарио во кое не верува некогашниот тенисер и сегаше стручен консултант, Миша Зверев.

-Новак изгледа дека може да игра уште три или четири години. Годините се само бројка, ако правиш се како што треба на теренот и надвор од него како Ѓоковиќ. Но, не знам дали повторно ќе биде број еден. Големо прашање е дали ќе игра и на Австралија опен?

-Ако работите тргнат наопаку и нема повторно бодови на Вимблдон подоцна во текот на годината, тој потенцијално ќе има 4.000 поени помалку, -истакна Зверев кој е брат на Александер.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни