Поврзете се со нас

АТП

Зверев за блокбастер дуелот Ѓоковиќ-Алкарас: Досаден меч (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/AustralianOpen

Александер Зверев успешно ја заврши четвртфиналната задача на Аустралијан Опен и веќе може да се фокусира на следниот предизвик во Мелбурн.

Германскиот тенисер го победи Томи Пол со 3:1 во сетови, а успеа да ги насмее тениските фанови со својата прва изјава по триумфот во четвртфиналето.

Џим Куриер во интервјуто на терен го прашал Зверев за мислење околу блокбастер пресметката меѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас, а овој решил малку да се пошегува на сметка на своите колеги.

– Досаден меч.

– Немате причина да останете овде откако ги гледавте Зверев и Пол, – рекол Зверев и бил прекинат од овациите на фановите.

– Новак е број еден на сите времиња, а Алкарас некој кој ќе биде долго овде, привилегија е да се гледа ваков дуел, – потенцирал Германецот во посериозниот дел од изјавата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни