АТП
Зверев со победа против поранешен полуфиналист во Мелбурн, тргна во нов обид за прва грен-слем титула

Александер Зверев не загуби сет против Лука Пуј и со победа од 3:0 се пласираше во втората рунда на првиот грен-слем тениски турнир во 2025 година.
Германецот како втор носител ќе има уште еден обид да го освои првиот грен-слем во кариерата, а на почетокот мораше да се соочи со Французинот кој во 2019 година играше полуфинале во Мелбурн, но годинава настапуваше со вајлд-карта.
Зверев ги доби трите сета со 6:4 и се соочи со само две брејк топки во текот на мечот, па по 142 минути си резервираше место во следната рунда.
Актуелниот турнир во Мелбурн е 36-ти обид на Зверев да дојде до грен-слем титула, а ако успее во десеттиот настап на Аустралијан Опен, ќе се израмни на второто место со Стан Вавринка по бројот на обиди пред да дојде до посакуваниот успех. Рекордер е Горан Иванишевиќ кој го освои Вимблдон на 48. грен-слем настап.
Нареден противник на Германецот ќе му биде шпанскиот тенисер Педро Мартинез.
-
Свет23 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Шпанија22 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Лига на шампиони16 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Лига на шампиони14 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Италија20 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Франција22 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА21 час
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија23 часа
Сколс ги посочи најранливите позиции: Потребни се пет нови стартери во Јунајтед