Поврзете се со нас

АТП

Зверев со бизарен одговор го остави без текст новинарот во Задар (Видео)

Објавено

на

Новак Ѓоковиќ е првиот финалист на „Адрија турот“ во Задар, но додека се чека разврска на другата група, доста големо внимание привлече кратката изјава која ја даде Александар Зверев пред да изелзе на терен со домашниот тенисер.

Марин Чилиќ како домаќин ја завршува саботната програма со интересен дуел против германскиот тенисер, кој по се изгледа, не беше воопшто расположен за давање изјави пред почетокот на мечот.

Всушност, мора да се потенцира дека и прашањето на новинарот не беше најдобро промислено, па оттаму и бизарниот одговор на Германецот кој со еден збор го остави без текст презентерот на „Спорт Клуб“.

Новинарот го праша Зверев дали очекува нова победа над Чилиќ против кого има скор од 6:1 во седумте одиграни средби, по што следеше само категорично „не“ од Германецот.

Што се однесува до статистиката, Чилиќ го има добиено само првиот дуел против Германецот пред пет години, по што следеа шест последователни победи на Зверев до вечерашниот егзибициски дуел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни