Поврзете се со нас

АТП

Зверев шокиран од сам себе: Дури и да ме разбудите во 3 часот наутро…..

Објавено

на

Foto:x.com/usopen

Александар Зверев на втор грен слем во низа загуби од Тејлор Фриц, но вчерашниот пораз на Ју-Ес Опен го прифати максимално тешко, бидејќи многумина прогнозираа дека има голема шанса за прва грен слем титула.

Откако од неговиот ждреб испадна главниот фаворит Новак Ѓоковиќ, многумина прогнозираа дека Зверев ќе има лесен пат до финалето, но така не мислеше и Фриц кој повторно го сопре Германецот на најголемата сцена.

Два месеци по победата на Вимблдон, Американецот успеа да го победи Зверев и на домашен терен, а Саша навистина болно ги прифати овој неуспех и не ја криеше фрустрација по поразот од 3:1 (7:6, 3:6, 6:4 и 7:6).

– Играв ужасно кога најмалку беше потребно и едноставно не бев на посакувано ниво. Сервисот и ритернот ми беа добри, но мојата генерална игра од основната линија беше очајна. Не знам што ми се случи, не се сеќавам да сум бил волку лош на бекхенд. Промашував удари кои доаѓаа на средина на теренот. За да биде уште потрагично, го гаѓав дното од мрежата. Ова беше ужасно, тоа е вистинскиот збор.

– Ме изневери ударот на кој се потпирам цела кариера. Бекхендот е удар кој го изведувам перфектно и да ме разбудите во 3 наутро, но овојпат ме изневери. Немам одговори за некои прашања, одамна не сум бил вака лут и фрустриран. Фриц играше добро и заслужи да победи, но јас сум разочаран од сам себе, – изјави Зверев.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни