Поврзете се со нас

АТП

Зверев се сопна на амбициозен Французин, Мастерсот во Мајами остана без првиот носител

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Артур Фис успеа да направи пресврт во дуелот со Александер Зверев и обезбеди четвртфинале на тенискиот Мастерс во Мајами.

20-годишниот Французин го загуби првиот сет со 6:3, но успеа да возврати во вториот на ист начин, за Зверев да дојде до брејк предност, која нема да ја искористи за конечна победа.

Германскиот тенисер водеше со 3:1 во третиот сет, но Фис возврати со два брејка и на крајот го затвори мечот со 6:4 во третиот сет.

Фис по елиминацијата на првиот носител, во четвртфиналето на турнирот во Мајами ќе се сретне со Јакуб Меншик, a еден од нив првпат во кариерата ќе обезбеди полуфинале на Мастерс од серијата 1000.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни