Поврзете се со нас

АТП

Зверев се расплака по поразот од Тим: Ова беше… (ВИДЕО)

Објавено

на

Александер Зверев по голема борба во пет сета загуби од Доминик Тим во финалето на Ју-Ес Опен, пораз по кој одржа емотивен говор и едноставно не можеше да ги задржи солзите.

Германскиот ас му честита на Тим за победата, но потоа истакна дека жали што многу специјални луѓе не можеле да бидат заедно со него на турнирот, на овој меч притоа откривајќи дека неговите родители се заразиле со коронавирусот.

– Не знам од каде да започнам. Сакам да му честитам на Доминик за првата од многуте грен слем титули. Мислам дека оваа нема да биде единствена. Ова беше тешка битка. Би сакал да промашеше малку повеќе за да можев јас да го држам тој трофеј.

-Сега го држам овој говор како вицешампион. Сакам да му се заблагодарам на мојот тим, последните две или три години не беа лесни во мојата тениска кариера. Овој трофеј заедно ќе го кренеме. Мислам дека има неколку специјални луѓе кои недостасуваат на трибините. Сакам да им се заблагодарам на моите родители…

-Секогаш биле со мене на секој турнир. За жал, мајка ми и татко ми беа позитивни на коронавирус пред турнирот и не можеа да дојдат со мене и ми недостасуваат… Човеку, ова е тешко. Сигурен сум дека седат дома, но иако изгубив верувам се прилично горди. Посакувам еден ден да го донесам дома овој трофеј, -рече Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни