Поврзете се со нас

АТП

Зверев се огласи по обвинувањата дека пробал да ја задуши девојката, повторно реагираше и Олга

Објавено

на

Еден од најдобрите тенисери во моментов, Александар Зверев се најде во центарот на голем скандал откако неговата поранешна девојка, Олга Шарипова го обвини за физичко малтретирање.

За руските медиуми, Олга Шарипова истакна дека додека била во врска со Зверев тој се обидел да ја задуши девојката со перница, а по ваквата изјава брзо реагираше и германскиот тенисер.

– Тоа се неосновани обвинувања од мојата поранешна девојка Олга Шарипова . Тоа многу ме растажи. Со неа се познаваме уште откако бевме деца и многу работи поминавме заедно. Многу ми е жал што дава такви изјави.

– Нејзините обвинувања едноставно не се вистина. Бевме во врска, но таа заврши пред многу време. Не знам зошто Олга сега изнесува вакви обвинувања. Се надевам ќе најдеме начин да разговараме на одговорен и соодветен начин, – објави Зверев во соопштението за медиумите.

Откако во јавност излезе соопштението на тенисерот, веднаш со порака преку социјалните мрежи се јави и повиканата, Олга.

– Мојата приказна штотуку започна. Не знам дали ова го пишуваш сам или тој кој ти го води твојот Инстаграм профил. Досега немаше храброст директно да ми одговориш, затоа што не лажам, а двајцата знаеме за тоа. Не се плашам да ти ја кажам вистината, така?

– Сакам да им покажам на сите мажи кои си дозволуваат да се однесуваат лошо кон жените дека не сме некој вид украс, не сме плус еден, не сме кукли со кои може да се постапува на било каков начин. И ако мислеше дека после се што поминав во таа врска ќе молчам, тогаш погреши. Не можеше лично да одговориш на моите прашања, па морав да го сторам ова, – напиша Олга.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни