Поврзете се со нас

АТП

Зверев се израмни со Синер, ќе се бори за титула на Мастерсот во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Александер Зверев е прв финалист на АТП Мастерсот од серијата 1000 што се игра во Париз, Франција.

Германскиот тениски ас во денешното полуфинале го надигра Холгер Руне со 2-0 во сетови за нешто помалку од два часа игра. Зверев славеше со 6-3, 7-6(4) и утре ќе игра за седмата титула од оваа категориа.

Ова воедно за него беше 65 триумф на АТП турот во 2024 година со што се израмни со Јаник Синер на првото место, а во исто време се искачи на втората позија на ранкигот надминувајќи го Карлос Алкарас.

Александер ќе игра за петтата различна Мастерс титула, досега има триумфирано двапати во Мадрид, двапати во Рим, додека по еднаш во Монтреал и Синсинати.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни