Поврзете се со нас

АТП

Зверев преку луд тај-брејк од 32 поени до осминафинале на Вимблдон (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Најдобриот германски тенисер, Александер Зверев успеа да обезбеди место во осминафиналето на Вимблдон.

За да дојде до оваа рунда Зверев беше подобар од домашниот миленик, Камерон Нори кого го совлада со 3-0 во сетови. Првите два сета ги доби рутински со по еден брејк во нив за 6-4 и 6-4, но Нори не се предаде и во третиот го даде најдобриот тенис на денешното соочување.

Со оглед на тоа што никој не го загуби сервисот се дојде до тај-брејк во кој беа потребни дури 32 поени за да се добие победникот во рундата. Фаворитот покажа поголем фокус, трпение и со 17-15 дојде до конечен триумф кој го носи на дуел со подобриот од Фриц-Табило.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни