Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Порано терените беа побрзи поради Федерер

Објавено

на

Александар Зверев со 27 години полека се приближува кон категоријата ветерани. Летово слави десет години од настапот на УС Опен. Јасно е дека поминал низ се, а индиректно објасни зошто терените сега се побавни од порано:

– Секогаш играв со рекети од постарата генерација, малку потешки од вообичаено. Некои млади тенисери не го прават тоа и затоа удираат побрзо од мене. Но, кога топката е многу брза, тие имаат проблеми и тука помагаат потешките рекети. Јас сум од генерација пред десет години кога имаше многу повеќе брзи терени поради Роџер Федерер.

Тој објасни и зошто.

– Јасно е дека турнирите сакаа тој да остане што подолго во конкуренција. Затоа направија многу, многу брзи терени – изјави четвртиот тенисер во светот за Тенискиот канал.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни