Зверев победи во епски меч против Чилиќ

sasa-zverev

Александар Зверев во епски меч го победи Марин Чилиќ на Мастерс Купот во Лондон. Иако Чилиќ водеше во третиот сет, го изгуби водството и му дозволи на Зверев да се врати и да го победи со 2:1 во сетови (6-4, 3-6, 6-4). Германецот, кој е трет носител на турнирот после Рафаел Надал и Роџер Федерер, полека, но сигурно се промовира во сериозен противник на големите турнири и веќе не претставува лесен залак за останатите тенисери. На денешниот распоред Надал ќе игра против Гофан, додека Димитров игра против Тим.

Facebook Коментари