АТП
Зверев незадоволен од исходот на „случајот Синер“: Постоеја две опции и ја избраа најлошата

Александер Зверев не штедеше комплименти за играта на Јаник Синер откако загуби од Италијанецот во големото финале на Аустралијан Опен, но еден месец подоцна, Германецот не крие дека е разочаран од исходот кој го имаше неговиот допинг-случај.
Светскиот рекет број еден на крајот доби суспензија и ќе паузира три месеци, но тоа ќе го прави во период кога нема ниту еден грен-слем турнир, што јасно алудира дека моментот за паузирање е договорен во посредништво со ВАДА.
Привилегиите кои ги доби најдобриот тенисер во овој момент налути голем дел од јавноста и огромен број колеги негодуваат во изминатите неколку дена, а со свој став се јави и Зверев кој смета дека целиот случај завршил на најлош можен начин.
– Целата ситуација околу Синер беше многу чудна. Процесот беше долг, најпрво беше ослободен од агенцијата за интегритет во тенисот, а потоа ВАДА се одлучи да ги гледа работите од друга страна. Според мене, постоеја само две опции. Или си виновен и треба да платиш за тоа, или си невин и не добиваш никаква суспензија.
– Ако не си виновен како што велат за Синер, не треба да добие ниту казна. Но, ако постои вина за консумирање стероиди, три месеци едносавно не е суспензија. Ако не е негова вина, тогаш не треба да добие никаква казна, но ако има вина, тогаш навистина му се суди на чуден начин, – вели Зверев.
-
Формула 117 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Шпанија14 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Македонија12 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Шпанија16 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Формула 111 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)
-
Европски првенства12 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Македонија10 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Англија10 часа
Одегард посебно мотивиран: Едвај го чекам натпреварот против Реал