АТП
Зверев: Немојте да го отпишувате Надал…

Александер Зверев немаше никакви проблеми и обезбеди пласман во третото коло на Австралија Опен и тоа откако славеше над Џон Милман со 3-0 во сетови.
Со ова Германецот само потврди дека е во добар ритам и дека ќе има што да каже на овој турнир на кого го нема бранителот Новак Ѓоковиќ поради добро познати причини. Со оглед на отсуството на Ноле доста тенисери гледаат шанса за да победат, а меѓу нив дефинитивно е и олимпискиот шампион од Токио.
Токму Зверев кој беше запраша за тоа кој е најдобар играч на тврда подлога издвои неколку асови кои можат да слават во Мелбурн.
-Видете, мислам дека Новак е веројатно најдобриот. Нема дилема. Има и најмногу титули. Ама сум кажал многу пати досега, мислам дека Данил Медведев има незаборавни турнири во последните неколку месеци, па и години, тој е еден од најдобрите на тврда подлога.
-Го освоив олимпиското злато, завршниот турнир, па по тоа може да се види дека и јас играм добро на оваа подлога. Тука е и Циципас, мислам дека може да игра одлично. Мислам и дека Рафа повторно игра квалитетен тенис. Тој не е некој кој лесно може да го отпишете на овој турнир, -порача Зверев.
-
Македонијапред 17 часа
Инфаркт завршница во Кавадарци: Талески со гол во последната акција го остави Пелистер и без Куп трофејот!
-
Македонијапред 15 часа
Дејвис со оригинален коментар по Куп драмата: Овој тим на Вардар има „кохонес“
-
Германијапред 22 часа
Мајсторија која ќе се врти: Соиграч на Чурлинов постигна гол од половина терен (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на Меси: Се надевам Лео ќе се врати во Барселона
-
Италијапред 23 часа
Мурињо во свој стил: Конференциската лига е поважна од Скудетото
-
Македонијапред 17 часа
Херојот Талески: Пресуди името Вардар, Пелистер нема играч кој презема одговорност!
-
Италијапред 6 часа
Објаснување за нереалниот погодок: Тео обелодени што помислил кога ја прими топката на 80 метри од голот (Видео)
-
НБАпред 6 часа
Доктор Дончиќ и Далас го прегазија Феникс во мајсторката, Бостон му пресуди на шампионот (ВИДЕО)