Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Не сакам да му ги расипам плановите на Ѓоковиќ, тука сум да го освојам златото

Објавено

на

Германскиот ас, Александер Зверев со убедлив настап против Жереми Шарди дојде до полуфиналето на ЛОИ во Токио каде за ривал ќе го има првиот фаворит за златото Новак Ѓоковиќ.

Ова за Зверев ќе биде најголемиот, најтешкиот предизвик на турнирот, но тој е убеден дека ќе има што да каже во полуфиналето.

-Мило ми е што сум во полуфиналето. Сега се игра за медали и знам дека во петок ќе го имам најтешкиот противник во тенисот. За воопшто да имам шанса, морам да го играм мојот најдобар тенис. Не играте за себе или за својата екипа, туку за својата земја. Медалот се брои во конечниот збир, се брои за целата наша куќа во која живееме во селото, -вели Зверев кој е максимално фокусиран на себе, а не на Ѓоковиќ кој брка олимписко злато со што би останал во игра за златниот слем.

-Мојата најголема мотивација не е да расипам нешто за некого, туку да освојам медал, по можност златен, -порача Зверев кој губи со 6-2 во дуелите со Србинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни