Поврзете се со нас

АТП

Зверев ќе се бори за прва грен слем титула, но ја доби и најважната животна битка пред финалето на Ролан Гарос: Да не сте ми поставиле прашање за тоа!

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Александер Зверев ја потврди извонредната форма со освоена титула на Мастерсот во Рим, па откако го елиминираше Рафа Надал во првото коло на Ролан Гарос, заслужено стигна и до големото финале.

Саша утре ќе се бори за прва грен слем титула во своето второ финале во кариерата, а противник ќе му биде шпанскиот тениски талент, Карлос Алкарас. Зверев е свесен дека ќе води многу важна битка на теренот, но откако го заврши полуфиналето со Руд, доби вест дека ја добил и најважната животна битка.

Зверев четири години се влечеше по судови поради оптужба за насилство од неговата поранешна девојка, а вчера судот во Берлин не најде доволно докази и го прогласи Германецот за невин.

Тенисерот е ослободен од сите обвиненија и овој случај е архивиран, па нервозниот Зверев пред финалето им порачал на новинарите никогаш повеќе да не му постават прашање на таа тема.

– Се затвори едно тешко поглавје и јас вртам лист. Се докажа дека сум невин, ако не беше така, немаше да биде архивиран случајот. Веќе да не сте ми поставиле прашање на оваа тема. Ова беа тешки четири години и мило ми е што на крајот се заврши какошто треба, – изјавил Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни