Поврзете се со нас

АТП

Зверев ја продолжи победничката серија за полуфинале на Ју-Ес Опен

Објавено

на

Александер Зверев не дозволи изненадување во четврфиналната пресметка со Лојд Харис и со победата од 3:0 го потврди заслужениот пласман меѓу четворицата најдобри тенисери на Ју-Ес Опен годинава.

Германскиот тенисер имаше најмногу проблеми во првиот сет, во кој мораше да игра тај-брејк и го доби со 8:6 за водство од 1:0.

Оваа етапа од мечот имаше и големо психолошко влијание врз ривалот од Јужна Африка, па Зверев подоцна ги доби вториот и третиот со 6:3 и 6:4 за победа без загубен сет.

Германецот е на победа до повторување на резултатот од минатата година, кога загуби во финалето од Доминик Тим.

Во полуфиналето Зверев ќе игра против победникот од мечот меѓу Ѓоковиќ и Беретини.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни