Поврзете се со нас

АТП

Зверев ја објасни својата бурна изјава против Медведев: Тоа е врв на неспортско однесување

Објавено

на

Foto:twitter.com/rolandgarros

Ривалството меѓу Александер Зверев и Данил Медведев доживеа своја кулминација оваа година, бидејќи Русинот успеа да направи убаво водство во меѓусебните пресметки, но и да го навлече бесот кај Германецот.

Од одиграните шест битки, Медведев доби пет вклучувајќи ја и онаа последната на завршниот Мастерс во Торино, но дефинитивно најголемиот спектакл го приредија во Монте Карло.

Нивната осминафинална пресметка се прераскажуваше неколку дена, а изјавата од пред седум месеци на Зверев сега повторно се активираше поради коментарот кој го даде Саша за германски „Скај“.

– Медведев е еден од најнекоректните играчи на светот. Јас многу сериозно ги сфаќам фер-плејот и спортскиот дух, а тој дефинитивно не. Решава да активира паузи за тоалет кога тоа не е дозволено, имаше илјада ситуации во кои почнав да играм подобро и во кои се обидуваше да ме поремети, – изјави Зверев во месец април, а сега призна дека погрешил со пристапот.

– Донекаде жалам за начинот на кој го дадов тоа интервју. Кога ја давав мојата изјава, мислев само за тој меч, а не општо за мечевите на Медведев. Навистина не можам да толерирам такви работи. За мене може да кажете билошто, освен дека правам непотребни паузи и дека одам во тоалет кога не е потребно. Затоа мразам кога противниците го прават тоа со мене. За мене тоа е врв на неспортско однесување.

– Не требаше да давам такво бурно интервју, требаше само да му пријдам и да го прашам зошто го правеше тоа, а не се да стане јавно. Бев разочаран и лут и тоа го направив во нервоза, – вели Зверев.

Зверев жестоко го нападна Медведев: Тој не го почитува фер-плејот (Видео)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни