Поврзете се со нас

АТП

Зверев испрати прва порака по ужасниот момент во полуфинале со Надал (Видео)

Објавено

на

Александер Зверев нема да го памети по добро полуфиналето на Ролан Гарос против Рафаел Надал, бидејќи ја заработи најтешката повреда во својата кариера, за која дополнително ќе дознае колку ќе мора да паузира.

По тричасовна игра во која не беа комплетирани ниту два сета, Саша падна како покосен на земјата по едно лошо приземјување, при кое неговиот зглоб се најде во неприроадна позиција и стана јасно дека работите воопшто не се добри.

Зверев викаше од болка и мораше да се врати со патерици на теренот за да го предаде полуфиналето, во кое имаше негатива од 1:0 во сетови и требаше да се одигра тајбрејк во вториот.

– Здраво дечки. Доживеав многу тежок момент на теренот. Тоа беше фантастичен меч, но се случи тоа што се случи. Изгледа дека имам многу сериозна повреда.

– Докторите се уште разгледуваат, кога ќе имам повеќе информации, ќе споделам со вас. Сакам да му честитам на Рафа, тоа е неверојатен учинок, ќе игра во своето 14-то финале и се надевам дека ќе оди до крај и дека ќе испише историја. За мене ова е тежок момент, ќе ве известам дополнително за мојата состојба, – изјави Саша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни