Поврзете се со нас

АТП

Зверев искрен: Сите бевме шокирани од Ѓоковиќ, но сега имаме огромна шанса

Објавено

на

Александер Зверев стана првиот полуфиналист на Ју-Ес Опен, откако со пресврт успеа да го совлада секогаш незгодниот Борна Чориќ со кого Германецот имаше и се уште има негативен скор.

Сепак, Зверев ги доби двата тајбрејка во вториот и третиот сет и на крајот славеше со 3:1, па сега противник во полуфиналната рунда ќе му биде Пабло Карењо Буста, тенисерот кој го победи Шаповалов со 3:2, а кој претходно беше дел од незаборавниот меч против Ѓоковиќ во кој Србинот беше дисквалификуван.

Наместо да налета на светскиот рекет број еден, Зверев во своето второ грен слем полуфинале оваа сезона ќе игра против Шпанецот, па сега призна дека тој и останатите млади играчи имаат подобра шанса од било кога да стигнат до грен слем трофеј.

– Порано бев нетрпелив во овие мечеви, но сега сум позрел, имам искуство и помирен сум кога е најпотребно. Се надевам дека ќе стигнам до финале, сметам дека можам да играм подобро од овој четвртфинален меч.

– Искрено, веста за Новак сите не шокираше, но исто така, треба да се каже дека ние малдите сега добивме огромна шанса. Без него, шансите се огромни, но мора да ја одработиме задачата. Сите го сакаат трофејот и ќе биде многу интересно, – заврши Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни