Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Има правила, Ѓоковиќ едноставно немаше среќа

Објавено

на

Германскиот ас, Александер Зверев даде свој коментар за тоа што Новак Ѓоковиќ го направи на дуелот со Пабло Карењо Буста, потег со кој беше дисквалификуван од Ју-Ес Опен.

Најдобриот тенисер на светот беше елиминиран, „избришан“ од организаторите откако во првиот сет со топка во глава ја погоди линиската судијка.

-Бев сигурен дека нема да го добијам ова прашање, -се пошегува Зверев.

-Тој едноставно немаше среќа. Тој го удри топчето и го погоди судискиот судија. Има правило за тоа. Супервизорите си ја завршија својата работа. Ама да, Новак немаше среќа. Ќе биде вознемирен поради ова. Да погодеше на било кое друго место, ако топката завршеше на друго место, да промашеше само еден сантиметар, се ќе беше во ред. Не знам што друго да кажам, јас сум во шок, -истакна Германецот.

Во однос на тоа кој сега може да триумфира во Њујорк, односно за првпат освои грен слем Зверер кратко искоментира:

-Тоа е сè што знаеме, затоа што во ждребот повеќе нема момци со освоени грен слем титули. Ќе биде еден од младите, ако го сметата и Тим. Тој секако има шанса, ќе биде интересно. Знам кој е тука и со кого можам да играм, ќе видиме, -заврши Саша.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни