Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Им се извинувам на сите што ги ставив во ризик

Објавено

на

Германскиот тенисер, Александар Зверев беше еден од учесниците на турнирите во Белград и Задар како дел од „Адрија Тур“, настани кои не завршија како што треба со оглед на тоа што турнирот во Хрватска мораше да биде откажан пред да се одигра финалето, причината за тоа беше позитивниот тест на Григор Димитров.

Потоа беа тестирани уште многу лица, учесници, па така досега има уште тројца заразени и тоа Борна Чориќ, Марко Паники и Кристијан Грох. Засега со другите се е во ред, но дефинитивно жалат за тоа што се случуло и што потенцијално ставија во опасност други луѓе.

-Штотуку ја примив веста дека јас и мојот тим сме негативни на тестот за коронавирус. Искрено им се извинувам на сите кои потенцијално ги ставив ги ризик. Ќе ги почитувам препораките на лекарите за самоизолација. Превентивно јас и мојот тим пак ќе бидеме тестирани. Им посакувам на сите брзо закрепкување. Чувајте се, -порача Зверев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни