Поврзете се со нас

АТП

Зверев го скрши отпорот на Руд и запиша втора победа во Торино

Објавено

на

Александер Зверев направи исчекор кон полуфиналето во Торино, но конечен одговор за тоа ќе добие во мечот од третото коло во кој за противник ќе го има Карлос Алкарас.

Германецот влегува со одличен сет-количник во последната рунда од групната фаза поради двете победи извојувани во два сета, бидејќи вечерва успеа навреме да го скрши отпорот на Каспер Руд.

Норвежанецот беше навистина добар во првиот сет и целосно му парираше на Зверев, се до тајбрејкот во кој Саша заигра далеку поагресивно.

Овој дел од играта го реши мечот и му донесе дополнителна самодоверба на Зверев, кој потоа со еден брејк го реши вториот сет и славеше со 7:6 и 6:3.

Зверев во последното коло ќе игра возбудлив меч со Алкарас, додека Руд својот пат до полуфиналето ќе го бара преку дуел со Рубљов, иако ќе биде зависен и од исходот на останатиот меч од групата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни