Поврзете се со нас

АТП

Зверев го победи Надал, па направи нешто што ретко се гледа во тенисот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Александер Зверев го победи Рафаел Надал во првото коло на Ролан Гарос и му нанесе пораз во мечот кој многу веројатно ќе биде последен за Шпанецот на Френч Опен, а тоа направи самиот чин по мечот да биде навистина необичен.

Многумина лудо би славеле во ситуација кога би станале само третиот тенисер кој го победил Надал на Ролан Гарос, но Зверев покажа неверојатна класа и не сакаше воопшто да го расипува моментот на Шпанецот.

Зверев срдечно се поздрави со Рафа и воопшто не истапи на теренот за да ја слави победата, давајќи му го сето внимание на човекот кој 14 пати во кариерата го освој грен слемот во Париз.

Организаторот на турнирот направи отстапка на овој меч и говор имаше и поразениот тенисер, но пред да дојде ред на Рафа, Зверев покажа класа и со говорот кој го имаше.

– Рафа, сакам да ти се заблагодарам во име на тенисот. Те гледав како играш цело мое детство, а потоа имав среќа да играм многупати со тебе како професионалец. Не знам што точно да кажам. Ова не е момент за мене, ова е момент за тебе, – му порача Зверев на Надал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни