Поврзете се со нас

АТП

Зверев го елиминираше Надал на Мастерсот во Мадрид

Објавено

на

Александар Зверев го елиминираше Рафаел Надал на Мастерсот во Мадрид, оставајќи го првиот фаворит да стигне до уште еден трофеј на својата омилена, земјена подлога.

Германскиот тенисер цел меч доминираше и играше подобро од Надал, па заслужено се радуваше пред публиката во шпанската престолнина, најавувајќи уште еден интересен меч веќе во полуфиналето.

Во првиот сет Надал прв направи брејк и тоа во шестиот гејм, но следуваше одговорот на Зверев кој ги освои двата следни сервиси на Шпанецот и така го доби првиот сет со 6:4.

Зверев продолжи да игра посигурно на свој сервис и во вториот сет направи еден брејк, кој му беше доволен за уште еден сет добиен со 6:4 за победа од 2:0 во сетови и негов прв триумф над Надал на земја.

Денешниот победник и во полуфиналето ќе има голем предизвик, бидејќи противник ќе му биде Доминик Тим.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни