Поврзете се со нас

АТП

Зверев: Федерер не кажа нешто што јас не го знам

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Рожер Федерер е составен дел од Лејвер Купот и тоа му овозможи да даде неколку изјави од Берлин, но меѓудругото, легендарниот Швајцарец испорача и една сериозна забелешка за играчот кој му беше еден од омилените кога го напушташе АТП турот.

Федерер уште пред неколку години прогнозираше дека Александер Зверев е зрел за освојување на грен слем титула, но откако Германецот испушти голема шанса за такво нешто во Њујорк, Рожер искористи шанса да го подбере популарниот Саша.

– Јас не сум негов тренер, па можам да зборувам отворено. Кога го гледам, гледам некој кој игра премногу пасивно. Тој е премногу одбранбен во решавачките моменти. Тој е одличен во дефанзивата, но за да победува, мора да игра напаѓачки, многу понапаѓачки. Ако го примени тоа во својата игра, може да постигне големи работи, – изјави Федерер при пристигнувањето во Берлин, по што на оваа тема доби прашање и актуелниот светски рекет број два.

– Федерер не кажа ништо што јас не го знам. Многу е јасно дека не играв како што сакав во Њујорк, тоа беше еден од најлошите мечеви во мојата кариера (мислејќи на оној со Фриц).

– Тоа што го кажа Федерер е сосема во ред и целосно се согласувам со него, не гледам на тоа како критика, – изјави Германецот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни