Поврзете се со нас

АТП

Зверев е се подалеку од одбрана на олимпиското злато

Објавено

на

Александар Зверев е се подалеку од одбрана на олимпиското злато. Повредата поради која, како што рече, го загуби четвртфиналето на Вимблдон против Тејлор Фриц, иако водеше со 2:0 во сетови, е многу посериозна отколку што се сомневаше.

Неговиот постар брат Миша ја откри точната ситуација во интервју за Амазон:

– Саша повторно отиде на лекар и тој му извади 40 милилитри течност од коленото. За жал, постои сомнеж дека се работи за нешто посериозно. Докторот повторно ќе го посети утре во неговиот дом во Монако – изјави вчера Миша и притоа додаде:

-Ќе се направат нови снимки. Можеби е полошо од модринка на коските.

Тоа е поблага повреда од скршената коска, но сепак е доволно сериозна за да влијае на играта.

– Можеби е дури и скршеница, ќе мора да провериме. Ако е така, учеството на Олимписките игри е во опасност – додаде постариот од браќата Зверев.

Секако, доколку се работи за скршеница, сигурно не е од големи размери, но и во тој случај би влијаело на способноста на германскиот тенисер да учествува на Ролан Гарос.

Очигледно, ситуацијата многу се промени за два дена.

– Сакам да играм во Париз, да го носам знамето и да го бранам златото – рече четвртиот тенисер во светот на прес-конференцијата по поразот од Фриц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни