Поврзете се со нас

АТП

Зверев е прв полуфиналист на Аустралијан Опен

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Александер Зверев не дозволи изненадување во четвртфиналната пресметка со Тони Пол и со победата од 3:1 во сетови стана прв полуфиналист на Аустралијан Опен.

Германскиот тенисер го имаше најсериозниот предизвик годинава во Мелбурн, Американецот изнуди тај-брејк во првите два сета, но не успеа да добие ниту еден од нив.

Пол го доби третиот сет со 6:2, но Зверев не дозволи поголема драма и го реши победникот во четири сета. Во четвртиот беше и поубедлив и со 6:1 го потврди местото меѓу најдобрите четворица тенисери на АО.

Зверев и натаму се бори за прва грен-слем титула во кариерата, а сега ќе го очекува дербито Ѓоковиќ-Алкарас, за да го дознае противникот во полуфиналето.

Во другиот дел од ждребот, четвртфиналните пресметки се Шелтон-Сонего, односно Синер-Де Минор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни