Поврзете се со нас

АТП

Зверев е последната пречка за Ѓоковиќ пред големото финале на ОИ

Објавено

на

Александер Зверев е последниот патник во полуфиналето на тенискиот турнир на Олимписките игри, откако ова попладне успеа лесно да го совлада францускиот предизвикувач.

Жереми Шарди беше најпријатно изненадување во четвртфиналето на Олимпијадата, па како таков, искусниот тенисер немаше баш многу решенија за расположениот Зверев кој сега треба да биде најголем предизвикувач за светскиот рекет број еден.

Новак Ѓоковиќ имаше лесен пат до полуфиналето и без загубен сет се најде меѓу четирите најдобри, а утре негов противник ќе биде германскиот тенисер кој денеска покажа навистина убедлив тенис.

Зверев до надигра Шарди со убедливи 6:4 и 6:1, па така за првпат во кариерата влегува во борба за еден олимписки медал, нешто што не е новитет за светскиот рекет број еден.

Ѓоковиќ има освоено бронза во 2008-ма година, но сега дефинитивно ќе го нападне златото кое недостасува во неговата богата ризница трофеи. Мечот се игра утре наутро по наше време, а во второто полуфинале, силите ќе ги одмерат Карењо Буста и Карен Хачанов.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни