Поврзете се со нас

АТП

Зверев доби нова четиричасовна драма за шесто четвртфинале на Ролан Гарос (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/rolandgarros

Александер Зверев е последниот патник во четвртфиналето на Ролан Гарос, а до тоа стигна во раните утрински часови, откако неговиот меч против Холгер Руне почна во понеделник, а заврши во вторник.

Германскиот тенисер повторно играше драма во пет сета и го повтори рецептот на Новак Ѓоковиќ, бидејќи откако славеше над Грикспор после четиричасовна битка, сега тоа го повтори и против Данецот.

Саша имаше негатива од 2:1 и изгледаше како тенисер кој е многу блиску до пораз, но сепак покажа класа во одлучувачкиот тајбрејк во четвртиот сет, по што моментумот се префрли на негова страна.

Германецот израмни на 2:2 и влезе со многу подобар став во решавачкиот сет, па на крајот победи со 6:2 по четири часа и 11 минути игра на „Филип Шатрие“.

Зверев по шести пат во кариерата ќе игра четвртфинале на Ролан Гарос, а ривал во оваа фаза ќе му биде Алекс Де Минор.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни