Поврзете се со нас

АТП

Зверев без загубен сет до третото коло на Австралија Опен

Објавено

на

foto: x.com/atptour

Вториот носител, Александер Зверев успешно го мина и второто коло на првиот грем слен во 2025 година Австралија Опен.

Рекетот од Германија ја оправда фаворитската улога во соочувањето со 27-годишниот Педро Мартинез од Шпанија. На Зверев му требаше нешто помалку од два часа за да дојде до славје од 3-0 во сетови со само шест загубени гејмови (6:1, 6:4, 6:1).

Во следното коло Саша оди на мегдан со Џејкоб Фирнли кој во претходните две рунди ги доби Ник Кирјос и Артур Казо.

-Новак се засили, Карлос е многу добар. Трет, четврти, петти, шести, не знам кој фаворит сум, изјави Зверев по мечот.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни