Зума: Мурињо ми кажа дека сум ѓубре!

zouma-mourinho

Жозе Мурињо е еден од најдобрите и најтрофејните фудбалски тренери, но познат е и по тоа што понекогаш знае да претера со своите реакции, изјави, постапки, а тоа на своја кожа го имаат почувствувано и дел од играчите со кои има соработувано.

Последен кој се отвори за соработката со Жозе беше стоперот Курт Зума кој токму на инсистирање на „специјалниот“ се пресели во Челси во 2014 година. Во моментите кога потпиша за „сините“ Зума имаше само 19 години, а по еден лош натпревар Португалец едноставно го „убил“ Французинот кој останал шокиран.

-Не можам да се сетам со кого игравме, губевме 3-1 на гостински терен. Следниот ден Мурињо доаѓа до мене, ме носи во канцеларија и ме прашува дали сум во ред. Јас реков да, а тој ме праша дали сум сигурен. Јас повторно кажав да на што тој ми возврати „затоа што беше ѓубре овој викенд“. Така, директно, ме шокираше, ама ме натера веднаш да одговорам на теренот. Се сеќавам дека ме повреди, што влијаеше врз мене. Но, навистина сакав да му покажам дека можам да реагирам, -истакна Зума кој не се согласува со тврдењата дека Мурињо не им дава шанса на младите играчи.

-Тој е некој кој ја сака победата. Ги користи сите можни алатки за да тоа го постигне. Дојдов со 19 и ме користеше. Бев во можност да имам мои шанси, ги играв моите натпревари. Не знам што мислат другите сите имаме различни мислења, но јас со тоа не се согласувам, -заврши дефанзивецот.

Facebook Коментари