Поврзете се со нас

Шпанија

Зубизарета: Меси има донесено конечна одлука

Објавено

на

Андони Зубизарета како легендарен голман на Барселона доби шанса да биде спортски директор и да ја прави планификацијата на тимот, а како поранешен оперативец на „Камп Ноу“, незаборавниот чувар на мрежата го најави претстојното големо финале во Копа дел Реј во кое силите ќе ги одмерат каталонскиот гигант и Атлетик Билбао.

Како роден Баскиец, популарниот Зуби потенцира дека прво место во неговото срце секогаш има Атлетик Билбао, па поради тоа му дава мала предност на овој клуб во фаворизирањето во пресрет на финалето кое се игра утре во Севилја.

– На натпреварите Атлетик-Барселона, јас секогаш победувам и секогаш губам. Мојот клуб, мојот тим отсекогаш бил Атлетик. Знам што ќе значи за фановите да се победи во финалето, тоа ќе му овозможи на тимот да игра и во Европа. Сепак, и покрај победа на Атлетик, 40 проценти од моето срце нема да биде задоволно, особено поради Куман, – вели Зубизарета, кој пак смета дека Лео Меси има донесено одлука за својата иднина, без разлика на епилогот од финалето.

– Меси го заслужи правото да размислува и сам да одлучува. Претседателот Лапорта нагласи дека ќе направи се за да продолжи. Ако реши да си оди, знам дека некои ќе предложуваат да се повлече „10-та“, но тоа не треба да биде така. Треба да дојде некој нов од школата и повторно да го носи тој дрес.

– Меси веќе има донесено одлука во својата глава. Финалето во Купот ќе биде еден од елементите кои ќе му потврдат дали е во право. Финалето нема да биде клучно, тој е ветеран и сите знаеме дека нема да игра вечно. Тој е доволно возрасен и знае дека понекогаш се победува, а понекогаш се губи. Има голема промена од стартот на сезоната, сега се чувствува добро во Барселона, – завршува Зубизарета.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни