Поврзете се со нас

Шпанија

Зубизарета: Ако ги слушневте горчливите коментари кои си ги разменував со Куман……

Објавено

на

Жерард Пике и Антоан Гризман имаа жестока и жолчна распарава за време на натпреварот против ПСЖ во Лигата на шампионите и имаа што да си кажат доле на теренот, дискусија која брзо стана вирален хит откако шпанските емисии ја „уловија“ истата во недостасток на фанови на трибините.

Условите во кои се игра поради пандемијата направија многу повеќе работи да се слушаат на теренот, а бидејќи ваквите посериозни дискусии меѓу соиграчи не се никаква новост, со интересна изјава се јави и легендарниот Андони Зубизарета.

Незаборавниот голман на каталонскиот гигант кој пред неколку години беше и спортски директор на Барселона открива дека тој имал навистина доста лоши расправии со Роналд Куман, а воедно откри како реагирал Надал кога тој одлучил дека заминува во пензија.

– Да имате бесни дискусии со соиграчите од тимот е најмалку што може да направите на еден фудбалски терен. На денот кога објавив дека одам во пензаија, Мигуел Анхел Надал ми го порача следното: Конечно ќе престанам да слушам како ми викаш од зад грб.

– Ако беа забележани и уловени сите дискусии, груби зборови, горчливи коментари и спротивставени гледишта кои ги имав со Роналд Куман и тој со мене, ве уверувам дека ќе добиевте многу повеќе од видео клип и една епизода на Нетфликс, – вели порашениот голман на Барселона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни