Поврзете се со нас

Англија

Зубименди: Не беше тешко да го одбијам Ливерпул, не сум човек…

Објавено

на

Foto:x.com/RealSociedadEN

Мартин Зубименди е еден од најдобрите шпански играчи од средината на теренот, играч кој беше голема желба на Чави Ернандез додека ја водеше Барселона, но поради финансиски причини не дојде до остварување на тој трансфер,

Претходново лето се некако изгледаше дека Мартин ќе ја напушти Шпанија и ќе се пресели во редовите на Ливерпул кој притискаше за неговиот потпис, па имаше и информации дека едноставно се е договорено. На крајот Зубименди се повлече и остана во Реал Сосиедад, но тој и понатаму е интересен за големите екипи со тоа што на листата сега е додаден и Манчестер Сити.

Меѓутоа ѕвездата на Сосиедад е мирна и спокојна и уште една порача дека нема намера да брза притоа објаснувајќи зошто му кажал „НЕ“ на Ливерпул

-Отидов на одмор и тоа ме изненади. Тоа не беше нешто што го планирав. Реагирав кога настана ситуацијата. Тоа беше непријатно време за мене, но ги измерив добрите и лошите страни и заклучив дека најдобрата опција е да останам. Не верувам во можности „еднаш во животот“. Ако сте добри и сакате да постигнете нешто, тоа ќе ви дојде. Нема потреба од брзање.

-Го погледнав мојот личен напредок, кој сум јас и проектот на клубот. Останав затоа што знаев дека оваа сезона ќе биде важна за мене во тимот и имав уште чекори да направам. Не беше толку тешка одлука. Имаше многу причини за мојата одлука, но јас бев себичен и размислував за тоа што е најдобро за мене – а тоа беше да останам, -порача Шпанецот кој има договор со актуелниот клуб до 30 јуни 2027 година.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни