Зубер го неутрализираше ремек-делото на Кутињо, Бразил се „сопна“ на стартот на СП (Видео)

zuber-1

Бразил дојде во застрашувачка форма на мундијалот во Русија и според сите букмејкери влезе како прв фаворит за титулата на Светското првенство, но сепак и составот на селекторот Тите оваа вечер почувствува дека таа улога ќе треба да се оправда на теренот.

„Кариоките“ беа подобар ривал од Швајцарија и имаа повеќе шанси, но сепак не успеаја да ги скршат Швајцарците кои мора да се напомене дека беа крајно организирани и мотивирани да се надигруваат со големиот ривал. Резултатот беше отворен со ремек-дело на Филипе Кутињо кој маестрално погоди во првиот дел, но сепак Зубер одговори во второто и ги предизвика Бразилците да нападнат уште пожестоко.

Тите ги направи потребните измени и внесе свежина во составот, но сепак последните обиди на Миранда и Аугусто завршија неуспешно, па така на крајот Бразилците останаа без очекуваната победа на стартот на мундијалот.

Facebook Коментари