Поврзете се со нас

НБА

Зубац одигра натпревар за паметење, соиграчите го „тушираа“ на теренот (Видео)

Објавено

на

Фото: twitter.com/LAClippers

Хрватскиот центар Ивица Зубац го одбележа последниот натпреварувачки ден во НБА, со својот најдобар настап во лигата досега.

Зубац му помогна на тимот на Лос Анџелес Клиперс да стигне до победа над Индијана, а тоа го направи со неверојатен ефект од 31 поен и 29 скока.

Центарот на Клиперс заработи шест лични грешки и не успеа да стигне до ефектот 30-30, нешто што се нема случено во НБА од 1981 година.

Последен кошаркар кој имал 31 поен, 29 скокови и 3 блокади бил Карим Абдул-Џабар во 1978 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни