Поврзете се со нас

Италија

Зошто Милан сака да го добие потписот на Лукаку?!

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialASRoma

Милан е во потрага по нов напаѓач, наследник на Оливие Жиру кој реши својата кариера да ја продолжи во Соединетите Американски Држави.

Долго време прва желба на „росонерите“ беше Џошуа Зирзе од Болоња за кого клубот беше спремен да ја активира и откупната клаузула. Меѓутоа агентот на играчот и бараната провизија од 15 милиони евра направија проблем во преговорите и според „Газета Дело Спорт“ сега сериозна опција за испразнотото место е Ромелу Лукаку.

„Росонерите“ во Белгиецот гледааат адекватна замена, опција плус со оглед на ситуацијата со Зиркзе. Калчолигашот сака да го искористи добриот однос на Челси и ќе се обиде да го донесе Ромелу на позајмица.

Лукаку нема ништо против овој трансфер кој ќе му овозможи да се врати во Милано со оглед на тоа што претходно имаше два мандати во Интер.

Челси секако дека би сакал да се реши од Белгиецот, ама останува отворено прашањето дали би дозволил нова позајмица. Премиерлигашот сака да се ослободи од играчот кој нема иднина кај нив, па ќе мора да се најде некое компромисно решение од кое сите страни би биле задоволни.

Во кампањата 2023/2024 одигра 47 средби за Рома на кои постигна 21 гол и забележа 4 асистенции.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни