Поврзете се со нас

Италија

Зошто колабираше Н’Дика на средбата со Удинезе (ВИДЕО)

Објавено

на

Дефанзивецот на Рома, Еван Н’Дика ја исплаши комплетена фудбалска јавноста откако вчера колабираше на средбата со Удинезе во Серија А.

Н’Дика се пожали на болки во градите во второто полувреме и легна на тревата по што веднаш му беше укажана медицинска помош. Стоперот беше изнесен на носилки, но тој беше свесен и тоа беше позитивен сигнал дека оваа непријатна ситуација нема да донесе дополнителна драма.

Тој беше однесен во болнина каде беше посетен и од соиграчите, се е во ред со него, ама беше задржан поради дополнително испитувања.

Сигурно ќе има официјална информација за тоа што се случи со Еван, а во меѓувреме „Газета Дело Спорт“ излезе со можна причина и зошто тој колабираше во Удине. Според медиумот причината за тоа може да биде ударот кој играчот го добил од Лоренцо Лука во првото полувреме.

Овој удар можеше да предизвика пулмонална компресија, што пак доведува до фибрилации, предизвикувајќи тој да чувствува болки во градите и колапс подоцна во второто полувреме.

Сепак во оваа фаза се уште е рано да се потврди дали е тоа така или не, но тоа е една од теориите.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни