Поврзете се со нас

Германија

Зошто Баерн го доведе Забицер: Мајсторските потези и голови на најновото засилување на баварците (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипата на Баерн Минхен одлучи одново да се активира во финишот на летниот преоден рок и да го доведе во своите редови Марсел Забицер.

Баварците се одлучија да платат околу 16 милиони евра и да го ангажираат австрискиот репрезентативец кој пак се обврза на договор до 2025 година. Тој е трет значаен член кој од РБ Лајпциг се сели во Баерн во овој период, претходно тоа го направија тренерот Јулијан Нагелсман и стоперот Дајо Упамекано.

Забицер има 27 години што значи дека едноставно е во најдобрите години и сега тоа ќе треба да го покажа во германскиот великан. Во продолжение погледнете дел од мајсториите кои едноставно придонесоа да се оствари преселбата на „Алијанц Арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни