Поврзете се со нас

Светски првенства

Зорман за поразот од Хрватска: Овде не одлучуваше само ракометот

Објавено

на

foto: twitter.com/rzs_si

Словенија и пружи силен отпор на Хрватска во мечот кој за нив ништо не значаеше, а пак за домаќините беше да се биде или не во однос на пласманот во четвртфиналето на Светското првенство.

Словенците имаа супер почеток и водство од 5-0, но како што одминуваше времето Хрватите беа се подобри и подобри, до полувреме се изборија за реми, а до крајот до конечна победа од 29:26, победа која ги однесе на мегдан со Унгарија во наредната фаза.

Во таборот на Словенија не се задоволни од арбитражата на Чесите Хорачк и Новотни и сметаат дека директно влијаеле врз резултатот.

-Никој не очекуваше вака да го отвориме натпреварот, но потоа за жал не можевме да издржиме во вториот дел. На крајот овде не одлучуваше само ракометот, момците денеска го дадоа својот максимум. Штета што не прикажавме каква игра како денеска на мечевите против Египет и Исланд, можам да се жалам на судиските одлуки, но факт е дека ракометот денеска не победи.

-Не боли тој натпревар, но боли што истата чешка судиска двојка судеше полуфинале на Олимписките игри. Одигравме многу добар натпревар, но сигурно е дека домашните мораа да поминат на крајот, што на крајот го заслужија, -рече селекторот Урош Зорман и додаде:

-Ова беше ново школо за мене, научив нешто ново, но нека ми останат тие лекции. Сигурно дека добар дел од одговорноста за натпреварите со Египет и Исланд лежи на моите плеќи, со пристапот што го имавме во нападот и на двата натпревари, невозможно е да се победи во денешниот ракомет. На овој натпревар против Хрватска многу ги подобривме впечатоците и расположението и дома си одиме со чиста глава. Сигурен сум дека ќе реагиравме поинаку доколку овој дуел одлучуваше нешто за нас. Нема да трошам зборови за судиите, ништо не можеме да направиме во врска со тоа, но дефинитивно си одиме дома порасположени отколку што бевме пред овој натпревар. Мислам дека можеме да си одиме дома со кренати глави, но верувам дека навистина можеме да научиме многу, -заврши Зорман.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни