Балкан
Зоран Мамиќ заминал во БиХ, каде подолг период живее неговиот брат

Доскорешниот тренер на Динамо, Зоран Мамиќ денеска отпатувал во соседна Босна и Херцеговина, објавија вечерва хрватските медиуми.
Мамиќ се повлече од тренерската функција во хрватскиот првак откако доби правосилна пресуда поради која мора да оди во затвор, но денеска легално преку граничен премин заминал во БиХ.
Таму одамна се наоѓа неговиот брат Здравко, кој исто така има активна затворска казна, но изминативе години не им беше достапен на правосудните органи бидејќи не се врати во својата земја.
Адвокатите на Зоран Мамиќ убедуваат дека тој ќе се врати и ќе ја отслужи казната, но тоа не е доволно да ги елиминира сомнежите кај јавноста. Медиумите велат дека имал право да ја напушти државата, затоа што судот не му ја врачил пресудата.
Мамиќ си даде оставка меѓу двата натпревара против Тотенхем во Лига Европа, а доби затворска казна од 4 години и 8 месеци поради финансиски малверзации. Изминативе денови тој изјавуваше дека сака да ја отслужи казната, за потоа да може нормално да живее.

- Италијапред 23 часа
Милан му понудил двегодишен договор на фудбалер на Интер
- Англијапред 20 часа
Оле верува дека постот по заминувањето на Сер Алекс наскоро ќе заврши: Има напредок, блиску сме до трофеј
- Италијапред 17 часа
Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто
- Шпанијапред 22 часа
Клајверт заминува од Барселона
- Англијапред 22 часа
Екс ѕвезда на Манчестер Сити се уште е во лоши односи со Гвардиола: Му пишав порака, но не ми врати
- Италијапред 24 часа
Смолинг доживеал „криминалистички филм“ во својот дом, под закана го отворил и сефот
- Англијапред 21 час
Тухел со ветувачки најави за следната сезона: В година ќе е „друга песна“, дефинитивно ќе ги гониме
- Формула 1пред 18 часа
Фетел објасни зошто одбил да се вакцинира во Бахреин