Зоран Кастратовиќ ќе седне на клупата на Металург

Поранешниот селектор на македонската женска ракометна репрезентација, Зоран Кастратовиќ ќе ја преземе тренерската позиција во Металург.

Кастратовиќ е стручњак кој има големо искуство и сигурно ќе биде од голема помош за „металурзите“ кои се мачат со предводниците откако си замине Лино Червар, односно брзо својот престој во Автокоманда го завршија Данило Брестовац, Оливер Димитриоски и Дамир Стојановиќ кој поради слабите резултати беше отпуштен во текот на актуелнава сезона.

Зоран добро ги познава состојбите во нашиот ракомет со оглед на тоа што во минатото беше на чело и на Кометал Ѓорче Петров и Вардар, а во кариерата има работено во Црна Гора како селектор и предводник на Сутјеска, плус ја има водено селекцијата на Иран и Ал Џаиш.

Facebook Коментари