Поврзете се со нас

Италија

Зомер: Прекрасно е да се игра со оваа одбрана на Интер

Објавено

на

Екипата на Интер остана непоразена на дербито со Јувентус (1-1) и со тоа ја задржа предноста на врвот на табелата во Серија А.

Душан Влаховиќ и Лаутаро Мартинез беа стрелци на двата гола во првото полувреме, резултат кој според прикажаното е повеќе од реален.

-Во второто полувреме можеше да се види дека двата тима не сакаа да преземаат премногу ризици, беа компактни, цврсти, повеќе или помалку без шанси од двете страни. Први примивме гол и тешко е против тим како Јувентус кој дефанзивно е толку силен. Добро е што веднаш израмнивме и на крајот тоа е добар бод за нас, -истакна голманот Јан Зомер кој порача дека ужива да игра со оваа одбрана која ја има клубот од Милано.

-Морам да кажам како голман дека е убаво да се игра со дефанзива која ја имаме. Кога имате многу натпревари на високо ниво во една сезона, клучно е да примите малку голови. Ова беше тактичка игра, а не многу шанси. Неверојатно е колку комуницираме, колку сме компактни и за мене како голман тоа е прекрасно, -порача Швајцарецот кој има осум „чисти мрежи“ на 13 средби во Калчото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни