Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Зомер по разочарувањето: Мораме да ги кренеме главите…

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Интер доживеа пораз од Атлетико Мадрид во драмата на „Ванда Метроплитано“, драма во која пеналите го одлучија патникот во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

Калчолигашот славаше со 1-0 во првото соочување во Милано, водеше со истиот тој резултат во Мадрид, ама домаќините не се откажаа, покажаа карактер и го свртеа резултатот (2-1) што го однесе мечот во дополнителни 30 минути во кои немаше промени по што се се решаваше на пенали каде „душекџиите“ беа подобри со 3-2.

Ова секако е разочарување за „нероаѕурите“ кои „летаа“ во оваа 2024 година, но нивната серија запре во најлошо време.

-Тешко е, навистина е тешко. Имавме добри шанси да постигнеме повеќе голови, но не ги искористивме. На ова ниво е вака. Двете екипи имаа шанси, малите детали ја направија разликата. Секако дека сме разочарани, елиминирани сме од Лигата на шампионите сме по многу тежок пораз. Ама ние имаме многу добар тим – мораме да ги држиме главите горе и да одиме напред, -порача искусниот голман Јан Зомер.

Сега Интер ќе се фокусира само на домашниот шампионат каде останува само да ја завери титулата со оглед на огромната предност пред Милан и Јувентус.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни