Шпанија
Знак на протест: Играч на Валенсија одби да позира со банерот против расизмот (Фото)

Поради големиот скандал кој се случи на „Месталја“ изминатиот викенд, сите натпревари во шпанската Ла Лига стартуваа со посебен протокол во новото коло, односно играчите на сите тимови позираа со банер во кој се испраќа јасна порака против расизмот во фудбалот.
Таков беше случајот и на натпреварот кој го одиграа Мајорка и Валенсија вчеравечер, но еден член од гостинскиот тим привлече големо внимание поради потегот кој го повлече.
Муктар Диакаби одлучи да не биде дел од сликата и да остане настрана од сите играчи на двата тима, што беше јасен знак за протест кон водечките луѓе во шпанскиот фудбал.
Како што јавуваат медиумите од Шпанија, стоперот на Валенсија очигледно смета дека оваа кампања е „напумпана“ само поради тоа што станува збор за играч како Винисиус Жуниор кој игра за Реал Мадрид, а бидејќи не верува во борбата против расизмот, решил да остане настрана од планираната фотографија.
Инаку, потегот на Муктар си има навистина добра позадина, бидејќи токму тој беше жртва на расистичка навреда на натпревар против Кадиз во 2021-ва година, но тогаш Ла Лига не го казни виновникот и покрај тоа што Диакаби го напушти теренот и не го доигра мечот.
Valencia's Mouctar Diakhaby refused to stand behind LaLiga's new anti-racism banner that reads "Racists, get out of football", before their match this evening.
Diakhaby suffered alleged racist abuse in a match against Cádiz back in 2021, but no action was taken. pic.twitter.com/VGT7GXXwvZ
— ESPN FC (@ESPNFC) May 25, 2023
-
Германијапред 22 часа
Кан доживеал брутално понижување од Баерн: Ова е најлош ден во мојот живот!
-
Шпанијапред 23 часа
Родриго претрча 70 метри и постигна неверојатен гол во Севилја (Видео)
-
Францијапред 21 час
Голот на Меси доволен за историја и нова шампионска титула на ПСЖ (Видео)
-
Македонијапред 24 часа
Тиквеш приреди шпалир за новиот шампион, во Битола се крена трофејот после 18 години (Фото)
-
Англијапред 22 часа
Капитенот на Лутон колабираше на теренот, па ја прослави промоцијата во Премиер лига од болнички кревет (Фото)
-
Шпанијапред 6 часа
Анчелоти со комплименти за Родриго: Тој е наш најдобар играч по СП
-
Англијапред 9 часа
Фердинанд нема дилеми: Јунајтед има поуспешна сезона од Арсенал
-
Францијапред 10 часа
Мбапе „нокаутираше“ девојка со топка, па со убав гест покажа дека е џентлмен (ВИДЕО)