Европски првенства
Знаеме како можеме да дојдеме до ЕП: Пеколен распоред за Македонија во „балонот“ во Перм

Машката сениорска репрезентација ќе има исклучително тешка задача да се избори за пласман на Европското првенство.
Како што е познато нашиот национален тим поради позитивни случаи на КОВИД-19 не одигра ниту еден меч на турнирот во Талин во месец ноември, па затоа сега на вториот „балон“ во Перм ќе мора да играме четири средби и тоа во рок од шест дена.
Ова е најновата одлука на ФИБА која го скрои календарот за февруарскиот квалификациски циклус, а истиот за нас ќе значи пресметка со Италија, потоа со Русија, ден одмор и завршните битки со Италија и Естонија.
Дефинитивно ова е пеколен распоред за избраниците на Александар Тодоров кои ќе имаат пред себе еден „мини“ Евробаскет во Арената „Молотов“ во Перм.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПЕРМ
18. ФЕВРУАРИ:
Италија – МАКЕДОНИЈА
19. ФЕВРУАРИ:
Италија – Естонија
МАКЕДОНИЈА – Русија
21.ФЕВРУАРИ:
МАКЕДОНИЈА – Италија
Русија – Естонија
22. ФЕВРУАРИ:
Естонија – МАКЕДОНИЈА

- Италијапред 21 час
Елмас повторно се поврзува со заминување од Наполи, европски гигант нуди 20 милиони евра за неговите услуги
- Англијапред 20 часа
Лани бараа 70 милиони фунти, годинава ќе го пуштат за многу помалку: Вулверхемптон се ослободува од Траоре
- Шпанијапред 19 часа
Угледната „Марка“ јавува дека Реал доставил краен ултиматум до Серхио Рамос
- Шпанијапред 22 часа
Силесен правеше чуда на „Месталја“, Валенсија се избори за херојски пресврт во дербито (Видео)
- Светски првенствапред 18 часа
Шпекулациите стануваат реалност, Златан Ибрахимовиќ по долг период се враќа во репрезентативниот дрес
- Шпанијапред 20 часа
Куман проговори за својата иднина и дали ќе остане тренер на Барселона: Новиот претседател ќе донесе одлука
- Англијапред 18 часа
Артета со сериозен интерес за фудбалерот кој подолго време е следен од Манчестер Јунајтед
- Шпанијапред 17 часа
Зидан го означи големото дерби против Атлетико како „финале“ и нагласи: Добро е што ќе сметаме на специјален играч