Антиќ ја доби довербата, добива значајна улога во МОК

pero antic tupurkivski

На својата 117-та седница, Управниот одбор на Македонскиот олимписки комитет донесе Одлука, Перо Антиќ, да биде претседател на Олимпискиот Совет на МОК. Претседателот на Олимпискиот совет е во исто време и член на Управниот одбор на МОК.

Претседателот на Олимпискиот совет на МОК ќе работи во насока на развојот и омасовувањето на олимпиското движење во државата, но и ќе делува на планот на популаризација на спортот и олимпизмот во државата.

На оваа седница, УО на МОК ја усвои иницијативата на Меѓународниот олимписки комитет и на Меѓународните спортски федерации во кои членуват Националните спортски федерации од државата, да се потпише „МЕМОРАНДУМ ЗА ПАРТНЕРСТВО, СОРАБОТКА И ПОЧИТУВАЊЕ НА ОСНОВНИТЕ ПРИНЦИПИ НА АВТОНОМИЈА И НЕЗАВИСНОСТ ПОМЕЃУ ОЛИМПИСКИТЕ И СПОРТСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ И АГЕНЦИЈАТА ЗА МЛАДИ И СПОРТ“.

Овој документ е креиран врз основа на блиската соработка помеѓу ИОК и Организацијата на Обединетите нации (ООН) во која членува и Република Северна Македонија, во рамките на кои ИОК ужива статус на набљудувач, а особено е во соглсаност со принципите наведени во Резолуцијата A/RES/69/6 на Генералното собрание на Обединетите нации усвоена на 31 октомври 2014 година, со која ООН посебно ја потенцират независноста и автономијата на спортскиот систем. Овој документ е во согласност, поддржан е и е одобрен со многу Одлуки, резолуции и препораки од Обединетите Нации, Европската Унија, Генералното Собрание на Советот на Европа, Европскиот суд на правдата и на другите владини меѓународни институции. УО на МОК предложи да започне комуникација и дискусија помеѓу Македонскиот олимписки комитет и Националните спортски федерации од една страна и Агенцијата за млади и спорт од друга страна која ќе резултира со потпишување на овој Меморандум и негова имплементација во новиот Закон за спорт.

Facebook Коментари