Значаен триумф: Елмас и Фенербахче го средија Андерлехт (Видео)

fener-elmas slavje

Елиф Елмас и Фенербахче дојдоа до значајна победа во Лига Европа и тоа над составот на Андерлехт кого го совладаа со 2-0 пред своите гледачи и на тој начин направија исчекор кон пласман во нокаут фазат во ова европско натпреварување.

Најзначајните моменти на дуелот во Истанбул се случија во последните 20 минути, па така резултатот го отвори Валбуена со еден случаен погодок во 71 за да истиот играч биде асистент при погодокот на Фреј во 74 за конечен триумф од 2-0.

Нашиот репрезентативец Елмас ги одигра целиот натпревар, а сега Фенер со 7 бода е на второто место во групата Д.


Facebook Коментари